ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е трета партија во Македонија, Филипче да си поднесе оставка

Македонија

Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените, нагласуваат од владејачката партија.

Освојувајќи 54 општини на територија на Република Македонија и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Историски промени и победи имаме во Кичево, Карпош и Струмица, издвојувавме големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија и Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево. Во останатите општини кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија, а победа имаме и на Орце Ѓорѓиевски во градот Скопје.

СДС на овие избори доживеа огромен дебакл. Освојувајќи само 6 општини, околу 126 илјади гласови и околу 230 советника, СДС е трета партија во државата позади нашиот владин коалициски партнер, партијата ВРЕДИ. СДС на ова ниво, никогаш не биле.

Граѓаните јасно кажаа дека се против политиките на Филипче и неговиот ментор Заев, кој сеуште ги држи конците во СДС.

Please follow and like us: