Комплетирани полуфиналистите по возбудливите четвртфинални дуели од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025

Охрид Спорт

Во одлична спортска атмосфера беа одиграни вторите четвртфинални натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, со што се заокружи и листата на четирите најдобри екипи кои ќе се борат за место во големото финале.

И вториот полуфинален ден донесе возбудливи и неизвесни средби, полни со борбеност, спортски дух и атрактивни потези.
Провелд : ЈП Охридски Комуналец – 1:4
АСП ПАК : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 4:1

Со завршувањето на четвртфиналните натпревари, турнирот влегува во својата завршна и највозбудлива фаза, полуфиналето, кое ќе се одигра денес во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток од 20 часот.

Полуфинални натпревари Ohrid FREED 2025:
Полуфинале 1: Гранит X – ЈП Охридски Комуналец
Полуфинале 2: Гостилница кај Мече – АСП ПАК

ЈП “Билјанини Извори” упатува покана до јавноста и сите љубители на спортот да бидат дел од големата завршница на овој возбудлив хуманитарен турнир, кој годинава бележи исклучително високо ниво на организација, фер-плеј и интерес кај учесниците и гледачите.

Please follow and like us: