Во спортската сала „Билјанини Извори“ вчера вечер се одиграа возбудливите полуфинални натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, кои понудија одлична игра, голема борба и вистинска спортска атмосфера. Екипите покажаа желба, дисциплина и страст за победа, а присутната публика уживаше во секој момент од натпреварите.
Полуфинале 1: Гранит X – ЈП Охридски Комуналец – 2:2 (4:2 пенали)
Полуфинале 2: Гостилница кај Мече – АСП ПАК – 1:8
Со овие натпревари, го добивме и составот на големото финале во кое ќе се сретнат Гранит X и АСП ПАК додека во борбата за третото место ќе се сретнат екипите на Гостилница кај Мече и ЈП Охридски Комуналец. Финалните натпревари ќе се одиграат утре, на 7 ноември, во чест наДенот на ослободување на Охрид со почеток од 21 (трето место) и 21 часот. (финале)
Очекувајте спектакуларно затворање на турнирот, натпревар исполнет со емоции, фер-плеј, спортски дух и многу енергија!
Да го прославиме празникот со спорт и дружење!

