Приведени четири странски државјанки од Бразил и Перу – пронајдена марихуана и утврден незаконски престој

Регион Црна хроника

На 12.11.2025 во 07:50 часот во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишија од слобода А.Б.Т.Г.С.(27) од Бразил, а ги приведоа  Ј.Т.А.С.(23) и Р.Ц.С.(23) од Бразил, како и Н.О.Ц.(20) од Перу. При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Исто така, при претресот е констатирано  дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Please follow and like us: