Kрадец одземал пари од икони во црквата „Свети Никола” во Катланово – се е снимено на безбедносната камера

Македонија

Kрадец одземал пари од икони во црквата „Свети Никола” во Катланово. Сетата таа дрска кражба била снимена од црковната камера.
Снимки од настанот се вртат на социјалните мрежи и на нив се гледа како крадецот влегува сам во верскиот објект, прво делува како ги разгледува иконите, но потоа ги собира парите оставени на нив.
Верниците често велат – Бог гледа се, овој пат гледала и црковната камера. Се уште не е познато дали е откриено кој е дрскиот крадец.

Please follow and like us: