На 29.11.2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид приведени се (52) и (65), двајцата од охридското село Пештани. Тие претходно, на регионален пат Охрид – Св. Наум, кај охридската населба „Св. Стефан“, вербално навредувале а потоа и физички нападнале полициски службеници кои преземале службени дејствија. При извршено алкотестирање, кај (52) е утврдено 1,63 додека кај (65) 0,53 промили присуство на алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Please follow and like us:

