„Верата е коренот на народот: кога ќе го пресечат коренот, сушат народ.“

Свети Николај Велимировиќ
Пишува: Слободан ТОМИЌ

КРАТКА ПРЕЛУДИЈА: ЗОШТО МАКЕДОНЕЦОТ НЕ ГО ПРИФАЌА ПРИТИСОКОТ ОД ФАНАР

Позицијата на македонскиот народ е јасна: Фанар нема ниту духовно, ниту канонско, ниту морално право да забранува еден народ да се именува како што го создале Бог и историјата.
Македонската православна црква не е ничиј додаток. Таа е:
– наследничка на Јустинијана Прва,
– наследничка на Охридската Архиепископија,
– наследничка на апостолската проповед на Павле на македонска земја.
Фанар го повторува истиот маневар:
„Признаваме автокефалија, но не ви дозволуваме да сте Македонци.“
Тоа е духовна варијанта на политичките договори кои имаа цел да не избришат преку бирократија.
Тоа не е пастирство. Тоа е политиканство облечено во свештена одежда.
ЕКУМЕНИЗАМ ИЛИ ГЕОПОЛИТИЧКА МАТЕМАТИКА?

Во теорија екуменизмот е обид за поврзување на христијаните и враќање кон единството од првите векови.
Во реалноста денес, екуменизмот е:
геополитичка платформа за влијание.
Фанар го применува преку три механизми:
- Бара доминација во православниот свет.
- Формално се зближува со Рим за да ја намали тежината на Москва.
- Сака „прв престол“, но без реално стадо и без територија.
Тоа е модел на „првенство без народ“.
Токму затоа кон МПЦ–ОА настапуваат благонаклоно, но со ограничувања кои ја нарушуваат македонската посебност.
Тоа е спротивно на православниот дух.
ШТО НОСИ ПОСЕТАТА НА ПАПАТА ЛАВ XIV ВО ТУРЦИЈА И ЛИБАН?

Посетата е историска геополитичка операција со три паралелни цели:
(а) Враќање на христијанското присуство на територијата на денешна Турција
Никеја, Антиохија, Ефес, мачениците, раните собори, сето ова е таму.
Ова е порака: христијанството не е западен производ, туку источна цивилизација.
(б) Заштита на Либан, последниот бастион на христијанството на Блискиот Исток
Ако Либан падне, исчезнува христијанскиот Исток.
Папата со оваа посета испраќа глобално предупредување.
(в) Зајакнување на мостот меѓу Рим и Фанар
Фанар ќе се обиде да ја искористи сцената за демонстрација на „влијание“, иако во реалноста тој модел одамна нема канонска покривка.
ШТО ЗНАЧИ „1700 ГОДИНИ ОД НИКЕЈА“?

Никеја 325 е темелот на:
– Симболот на верата
– основите на православната теологија
– канонскиот поредок
Но има една вистина која Фанар внимателно ја избегнува:
На Никеја немало „цариградска доминација“.
Тоа доаѓа многу подоцна.
Затоа денешниот фанарски модел на владеење е анахроничен.
КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ЦЕЛАТА СЛИКА?

Овде е клучното:
МПЦ–ОА има историска можност.
Екуменизмот ја извлекува од српските притисоци.
СПЦ веќе нема монопол врз македонската црковност.
Рим ја гледа МПЦ–ОА како мост на Балканот.
Европски ориентирана, стабилна, со јасен идентитет.
Фанар ќе мора да прифати дека македонскиот народ не се брише со административни услови.
Поддршката од Ватикан може да биде клучна за полноправното учество на МПЦ–ОА во православниот свет.
Но потребно е мудро, достоинствено, дипломатско движење, без подаништво, но и без конфронтација.

РЕЗИМЕ : ШТО НОСИ ПОСЕТАТА?
На глобално ниво:
– Ватикан поставува ново духовно присуство на Исток.
– Турција и Либан добиваат нова религиозно, дипломатска тежина.
– Започнува нов циклус на католичко–православни односи.
На православно ниво:
– Фанар настојува на доминација.
– Москва ќе реагира жестоко.
– Српската црква ќе биде фатена во внатрешни противречности.
На македонско ниво:
– МПЦ–ОА станува клучен балкански фактор.
– Автокефалијата добива меѓународна тежина.
– Македонија влегува во нов духовно,геополитички циклус.
Заклучната порака е едноставна и историски јасна:
Никој, ни Фанар, ниту кој и да е, ни било кој, нема право да му кажува на Македонецот дека не е Македонец.

