Колумна на Слободан ТОМИЌ – Распадот на Европските манипулатори, Бугарската уцена и кармата која се враќа

Македонија Свет

ВИСТИНАТА ПОВТОРНО ГО ОТКРИВА ПАТОЛОШКОТО ЛИЦЕ НА ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ДОМИНАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА

„Кој ќе се обиде да ја уништи Македонија, самиот себеси се уништува.“ — Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил (1995)

Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил

„Најопасниот облик на политичка измама е оној што се крие зад зборот добрососедство.“ — Карл Јасперс

Карл Јасперс

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

КАРМАТА ГО ЗАТВОРИ КРУГОТ: ПАДНА ФЕДЕРИКА МОГЕРИНИ, ЖЕНАТА КОЈА НÈ ТЕРАШЕ ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД СЕБЕ

Не постои поголема небесна сатисфакција од ова:
Федерика Могерини, жената што го притискаше секој Македонец да го проголта Преспанскиот Договор, е уапсена во Брисел.

Уапсена за корупција.
Уапсена за измама.
Уапсена за истото она за што нас нè оценуваа и обвинувале: за „недостиг на европски вредности“.

Ова не е случајност. Ова е духовна геополитика.

Како што ми кажа Г.Г. Михаил во 1995 година:
„Кој ќе ја запали Македонија, ќе изгори во тој оган.“

И ете:
– Саркози падна,
– Заев исчезна,
– Димитров е политичка празнина,
– Маричиќ се крие,
– Ковачевски е историја,
– Могерини во притвор.

Тоа е правда, а правдата има чудна меморија: никогаш не заборава.

БРИСЕЛСКО ПАЃАЊЕ: НЕ ЈА УАПСИЈА МОГЕРИНИ, УАПСИЈА ЦЕЛ МЕХАНИЗАМ НА ЛИЦЕМЕРИЕ

Белгиското обвинителство упадна во:
– Европската служба за надворешна акција,
– Колеџот на Европа,
– приватни домови на европски функционери.

Тоа е истата служба што:
– ни држеше лекции за морал,
– ни објаснуваше „вредности“,
– нè уценуваше за „добрососедство“,
– ја амнестираше Бугарија во секоја нејзина историска агресија.

Денес ги претресуваат нив, не нас.

Светот се врти, брате. Но правдата се врти побрзо.

БУГАРИЈА НЕ НУДИ РАКА – ТАА НУДИ ОКОВИ

Кога Росен Желјасков вели:
„Нема потреба од дополнителни гаранции,“
тоа не е доверба. Тоа е доминација.

Тоа значи:
– „Ве ставивме под уставен притисок.“
– „Ќе ве условуваме во секоја фаза.“
– „Ние ја држиме иднината во рака.“

А најголемиот уставен саботер на сето ова беше Бујар Османи, кога му рече на Радев:
„Албанците се уставна категорија, зошто Бугарите да не бидат?“

Тоа беше денот кога планот беше легитимиран.

ФАНАР – МПЦ-ОА: ИСТАТА МАТРИЦА НА УЦЕНА, ИСТАТА СКРИЕНА РАКА

Ова мора да се каже гласно:

Фанар се обиде да ја претвори МПЦ–ОА во црковна филијала.
Истата матрица што ја гледаме кај Бугарија со државата.

И ако МПЦ–ОА се спасуваше од тој притисок, тоа се должи на:

цврстината на одделни архиереи,
нивната единствена, братска и мудра позиција,
и особено на тоа што целиот Свети Синод со едно срце и една вера се спротивстави на обидите за подредување.

Македонската Црква кажа:
„Канонската независност не е предмет на туѓо пазарење.“

Денес стапуваат во сила последиците:
Фанар се дроби.
ЕУ се тресе.
 Бугарија стравува.

Така завршуваат сите што газат врз мал народ со голема душа.

СТОЈКО СТОЈКОВ ВО ООН ГО КАЖА ОНА ШТО ЕУ ГО ПРЕМИЛЧУВА

Бугарија е последната европска држава со институционална репресија врз македонско малцинство.

Тоа е факт.
Тоа Европа го знае.
Тоа го сокриваат.

Но Стојков го кажа пред светот.

И Софија е во паника, не затоа што сака да нè „заштити“, туку затоа што ако го признае македонското малцинство дома, тогаш ја признава македонската нација како историски факт,a тоа е нивниот најголем страв.

АСИМЕТРИЈАТА – КЛУЧОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРОБЛЕМ

Бугарија бара во Македонија:
– медиуми,
– учебници,
– културни центри,
– политичка застапеност.

А во Бугарија Македонците немаат ни:
– здружение,
– учебник,
– медиум,
– културен центар.

Тоа не е европска вредност. Тоа е стратегија.

АКО ПОПУШТИМЕ — ЕВЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ

– бугарски училишта,
– медиуми со бугарски агенди,
– влијание во образовниот систем,
– нови идентитетски барања,
– културни автономии.

Тоа не е теорија. Тоа е план што веќе постои.

ФИНАЛЕ: МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ЈА ВРАТИ КОНТРОЛАТА

Бугарија не нуди гаранции – нуди уцена.
Фанар не нуди духовност – нуди власт.
Брисел не нуди европеизација – нуди политички притисок.

Македонија има право да каже:

ДОСТА !

И тоа право е неприкосновено.

Please follow and like us: