Царината открила шверц на икони и верски предмети при обид за влез во државата

Македонија

Царината открила шверц на икони и верски предмети при обид за влез во државата. Во текот на минатата недела, при претрес на товарно возило камион биле пронајдени 842 разни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Сите биле пронајдени во 16 кутии и една ќеса, а сместени во товарниот дел на камионт.

Камионот влегол на македонска страна на граничниот премин Дојран.

-Вредноста на производите, кои не биле опфатени со царинските документи изнесува 899.460 денари, а избегнатите давачки се во износ од 327.067 денари, стои во соопштението од Царинската управа.

Од споделените фотографии може да се забележи дека меѓу шверцуваните верски предмети има икони.

Please follow and like us: