Колумна на Слободан ТОМИЌ – Народот бара одговорност: Љупчо Коцевски морa да си замине

Македонија

Пишува:Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Онаму каде што правдата молчи, таму тиранијата зборува.“ 

Фридрих Ниче

Фридрих Ниче

ПРВ ДЕЛ: 

КОЈ ГО ИЗБРА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ,  И ЗОШТО?

Љупчо Коцевски не падна од небо. Тој беше избран со политичка волја на тогашната владејачка коалиција СДСМ–ДУИ, со нивните 63 пратеници, со кои формираа партиска вертикала во обвинителството. 

Токму тие го поставија на врвот на институцијата што требаше да ја штити државата, а не партиските интереси. 

И токму тие го направија чувар на систем кој се распаѓаше одвнатре.

Затоа денес едно прашање ѕвечи низ Македонија:

Кому му служеше Љупчо Коцевски , на државата или на својот политички покровител?

ВТОР ДЕЛ: 

ЗОШТО НАРОДОТ ГО БАРА НЕГОВОТО ЗАМИНУВАЊЕ?

Затоа што за време на неговиот мандат се случи најголемата тишина на правдата. Сите прашања што горат во народот, Коцевски ги стави под тепих.

1. Нема истрага за „продажбата на името“.
Иако постои допрен глас, јавен интерес и историска обврска, ниту едно прашање за улогата на тогашните актери не беше отвoрено. Дури и кога претседателот Ѓорѓе Иванов сведочеше за политички притисоци, молк.

2. Нема истраги за големите криминални афери на СДСМ и ДУИ.
Рекет, „Планини“, „Лидерски привилегии“, урбанистички криминали, милионски тендери… За народот – видливо. За медиумите – документирано. За Коцевски – „непостоечко“.

3. Кој го штитеше? Кого штитеше?
Ова не е мое прашање, ова е прашање на улицата, на народот, на секој човек:
„Кој го плаќа молкот?“

ТРЕТ ДЕЛ: 

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ГРЕШКИ НА КОЦЕВСКИ  ОФИЦИЈАЛНО РЕГИСТРИРАНИ ОД ВЛАДАТА

Владата детално ги образложи причините за неговото разрешување, не политички, туку институционални:

  • Неовластено оддавање службени тајни
  • Чување предмети во фиока
  • Нарушување углед на институцијата
  • Нарушување на интегритетот на Јавното обвинителство
  • Непостапување по предмети од голем јавен интерес

Ова не се „тврдења“. Ова е официјална дијагноза.
Затоа денес процедурата оди пред Собранието, легално, уставно, институционално.

ЧЕТВРТИ ДЕЛ: 

ЗОШТО ОВА Е ИСТОРИСКИ МОМЕНТ?

Првпат по долго време Македонија јавно и без страв зборува за одговорност во врвот на обвинителството.
Ова не е политички реваншизам. 

Ова е враќање на довербата.

Портпаролката Марија Митева најпрецизно го формулира тоа со една бројка која боли: 2% доверба во правосудството.
Тоа не е доверба, тоа е срам.
И тоа е последица на систем во кој Коцевски беше клучна алка.

ПЕТТИ ДЕЛ: 

НАРОДОТ ПРАШУВА, ЗОШТО НЕМА ПРАВДА?

Народот не прашува за партиски реванш. Народот прашува за држава.

  • Кој ги штитеше истите структури со децении?
  • Кој го стопираше секој значаен предмет?
  • Кој дозволи криминалот да стане начин на управување?
  • Кој со своето молчење ја урна довербата под земја?

На секое прашање, одговорот води кон едно име: Љупчо Коцевски.

ШЕСТИ ДЕЛ: 

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА КОНЕЧНО ЌЕ ГО ДОБИЕ СВОЈОТ „СОПСТВЕН ФАЛКОН“?

Македонија нема потреба од партиски обвинител. Нема потреба од тивок обвинител. Нема потреба од обвинител кој чува папки во фиока.

Македонија има потреба од свој Фалконе , обвинител кој бескомпромисно ќе се бори против мафијата, корупцијата и институционалниот трулеж.

– Обвинител кој ќе ја гледа државата, а не партијата. 

– Обвинител кој ќе ја слуша вистината, а не телефонски повици. – Обвинител кој ќе возврати удар на сите – без разлика на политичката боја.

СЕДМИ ДЕЛ: 

ЗАТОА НАРОДОТ БАРА ОДГОВОРНОСТ

Овој текст не е гнев. Овој текст е дијагноза.
И секоја дијагноза има исход. 

Овој пат исходот е историски:

Коцевски мора да си замине, затоа што државата не смее да молчи повеќе.
Не партиите. 

Не аналитичарите. Туку народот.

ЗАВРШНИОТ УДАР: 

МАКЕДОНИЈА ГО БАРА СВОЕТО ПРАВО, А НЕ ТУЃА ВОЛЈА

Овој миг е поголем од поединец, поголем од функција, поголем од секоја партиска математика.

Овој миг е судир меѓу две Македонии:

  • Онаа која молчеше, стегната од страв, злоупотреби и политички диктати, и
  • Онаа која конечно застана исправена и побара одговорност.

Денес Македонија ја отвора вратата на едно ново поглавје, поглавје во кое институциите не се продолжена рака на партии, туку на законот.

Поглавје во кое молкот не се плаќа, а одговорноста не се избегнува.

Поглавје во кое јавниот обвинител не е чувар на нечии интереси, туку чувар на народот.

И кога Собранието ќе ја донесе конечната одлука, таа нема да биде само административен чекор.

Ќе биде историски печат дека Македонија конечно се враќа сама на себе.

Затоа што држава која не го казнува злото, го храни.
А држава која ја брани правдата, се спасува.

Љупчо Коцевски мора да си замине.

Не за да победи една влада.
Не за да се задоволи некоја политичка волја.
Туку за да победи 

Републиката Македонија.

Според експертската и правната фела,се констатира дека како во точките на владата како основна причина за разрешвување требало да се внесе и непсотапување според обврската да го штити Уставот на државата!

И затоа завршницата е една, проста и громогласна:

Правдата не може повеќе да чека, а Македонија не смее повеќе да трпи.

Please follow and like us: