Колумна на Слободан ТОМИЌ – СДСМ како проект, не како Партија

Македонија

„Ниту една партија не пропаѓа затоа што губи избори, туку затоа што престанува да го претставува народот.“

(Роберт Михелс – „Железниот закон на олигархијата“)

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Како јадрото на Сорос и јатото на Заев го претворија СДСМ во политичка НВО

Историјата е немилосрдна: големите партии не умираат на избори, туку во моментот кога ќе ја заменат врската со народот со врска со центри на моќ. Токму тоа му се случува на денешното СДСМ.
СДСМ повеќе не функционира како политичка партија со членство, идеологија и внатрешен плурализам. Денес тоа е проект, уредно спакуван, добро финансиран и строго контролиран. 
Проект во кој кадровските решенија не се носат според поддршката од гласачите, туку според лојалноста кон една идеолошка и донаторска матрица.

Сорос, архитектот во сенка

Новото раководно јадро околу Венко Филипче не е производ на внатрепартиска еволуција. 
Тоа е внимателно селектирана структура, израсната во НВО-секторот, обликувана надвор од државниот интерес и воспитана да одговара на мрежи, а не на членство.
Ова не е теорија на заговор. Ова е видлива кадровска шема:исти луѓе – исти позиции – исти медиуми – исти пораки.Без оглед на изборниот дебакл.

Зоран Заев, човекот што никогаш не си замина

Иако формално замина, Зоран Заев никогаш не ја напушти контролата. Денешното СДСМ и понатаму функционира според неговата логика:партија како приватен систем, не како народно движење.
Затоа нема катарза.Затоа нема одговорност.Затоа секој што не прифаќа да биде дел од филијалата, се маргинализира.

Кадрите на Бранко Црвенковски, луѓе што не ја прифатија филијалата
Тука настанува вистинскиот раскол.
Андреј Петров, , Софија Куновска, Оливер Спасовски, Игор Ивановски– Шема, Петре Шилегов, Славјанка Петровска,ова се луѓе од старото СДСМ, со сите нивни слабости, но со јасна партиска генеза.
Ниту еден од нив не ја прифати соросоидната трансформација на СДСМ во НВО-проект.И затоа, беа маргинализорани од кукларот Зоран Заев и марионетата Венко Филипче оценуваат симпатизерите на вистинското СДСМ !
Наместо дебата, добија етикета.Наместо политичка расправа, навреда.

„Тезгароши“, зборот со кој СДСМ си ја пресече сопствената историја

Кога Венко Филипче ги нарече овие луѓе „тезгароши“, тој не ги навреди нив.Тој ја навреди целата историја на СДСМ.
Тоа беше моментот кога маската падна:партијата повеќе не ги сака своите луѓе, туку само оние што се вклопуваат во проектот.

Венко Филипче, менаџер, не лидер

Филипче имаше шанса да биде реформатор.Наместо тоа, избра да биде менаџер на туѓ концепт.
Окружен со истите „умни глави“, без изборен легитимитет, без контакт со база, тој не води партија – туку управува со франшиза.

ЗНАМ и Максим Димитриевски – симптом, не случајност

Појавата на ЗНАМ и Максим Димитриевски не е инцидент. Тоа е директна последица од гниењето на СДСМ.
Според лидетот на  ЗНАМ, Максим Димитриевски  денешното СДСМ, изгледа како трговско друштво на релација Заев–Филипче,каде вчерашното 50–50 заврши како 70–30,а идеологијата е заменета со калкулација.

Зошто Мицкоски е мета ?

Затоа што Христијан Мицкоски не е нивен човек.Не е производ на НВО-инкубатори.Не е селектиран во амбасадорски салони.Не бара дозвола за државни одлуки.
Затоа нападите не се аргументирани, туку хистерични.Не се политички, туку оперативни.

ФИНАЛЕ : пресилната метафора

На крајот, Венко Филипче ризикува да заврши какоскапан патлиџан на тезга:
однадвор лакиран,одвнатре празен,го допираш , се распаѓа,а народот поминува покрај него и бара нешто свежо, вистинско и свое.
И кога ќе остане сам, без гласачи, без база и без партија,ќе сфати дека партиите не умираат од пораз , туку од отуѓување.
А овој пат, народот веќе си замина !

Please follow and like us: