Колумна на Слободан ТОМИЌ – Лав или врапче? Али Ахмети, маркетингот на стравот и заканата со улица во празно

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Кога политичарот почнува да се заканува со улица, тоа е сигурен знак дека веќе нема народ.“

Алексис де Токвил

ИЗЈАВА КОЈА НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ „ТАКА“

„Јас ја уништив Југославија.Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како се прави национализам.Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома.Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови.“

Ова не е лапсус.Ова не е фигуративен говор.Ова не е партиска егзалтација.Ова е јавно изречена политичка порака со елементи на закана, мобилизација и потенцијална дестабилизација.
Прашањето не е што сакал да каже Али Ахмети.Прашањето е: зошто токму сега?

ОД „ОРЕЛ“ ДО „ЛАВ“, КОГА СИМБОЛИТЕ ЈА ЗАМЕНУВААТ РЕАЛНОСТА

Да потсетиме.Не одамна, Али Ахмети самиот се претставуваше како „орел“, а своите поранешни соборци, денешни политички противници од ВЛЕН, ги нарекуваше „загари“.
На таа ароганција, премиерот Христијан Мицкоски одговори со кратка, но убиствено прецизна политичка дијагноза:ДУИ и Ахмети се „врапчиња“.
Денес, орелот исчезна.Денес, на сцената е „лавот“.Но кога политичар постојано го менува животинскиот симбол, тоа не е сила, тоа е паника.

„ЈАС ЈА УНИШТИВ ЈУГОСЛАВИЈА“, САМОИНКРИМИНАЦИЈА КАКО ПОЛИТИЧКИ МАРКЕТИНГ

Со една реченица, Али Ахмети си припиша историска улога во распадот на една држава.Тоа не е храброст.Тоа е опасна митоманија.
Да потсетиме:токму активностите на ОНА/УЧК во тој период беа јавно квалификувани како терористички од страна на:– Хавиер Солана– лорд Џорџ Робертсон– и државната секретарка на САД, Мадлен Олбрајт, која зборуваше за милитантна организација

Денес, истите тие настани, Ахмети ги користи како алатка за внатрешнополитички притисок.
Прашањето е болно, но неопходно:дали во Македонија е дозволено јавно фалење со насилно минато?

УЛИЦАТА КАКО ПОСЛЕДЕН АРГУМЕНТ НА ИСТРОШЕНИОТ ЛИДЕР

Кога еден политичар вели:
„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома“,тој не испраќа порака на сила.
Тој признава дека:– ја изгубил политичката контрола– ја изгубил довербата кај гласачите– и дека институционалниот пат веќе не му е достапен
Улицата е последното прибежиште на оние што повеќе немаат иднина во системот.

ВЛЕН ГО ИСПРАТИ ВО ПЕНЗИЈА, АЛБАНСКИОТ ЕЛЕКТОРАТ СЕ ОТКАЖА

Реалноста е јасна:албанските гласачи во Македонија веќе не гледаат иднина во ДУИ.
ВЛЕН одамна го демонтира митот за „незаменливиот Ахмети“.
ДУИ е партија заглавена во 2001 година, без визија за 2030.Ова не се зборови на победник.Ова се зборови на политичар кој чувствува дека времето му истекува.

САД, ЕУ И НОВАТА ГЕОПОЛИТИКА: ЗА „TROUBLE MAKERS“ НЕМА МЕСТО

Во новата геополитичка реалност:на САД не им требаат корумпирани лидери со милитантно минато,на Европа ѝ треба стабилност, не уцени со улица,а во ерата на Доналд Трамп, „trouble makers“ обвиткани во корупција се товар, не партнер.
Ахмети тоа го знае.И токму затоа вика погласно од кога било.

КАДЕ Е НОВОИЗБРАНАТА В.Д. ДРЖАВНА ЈАВНА ОБВИНИТЕЛКА?

Клучното прашање сега е институционално.Дали новоизбраната в.д. државна јавна обвинителка ќе реагира на јавни изјави кои содржат:– закана со улична мобилизација– самопризнание за насилно политичко минато– пораки што флертуваат со бунт и дестабилизација
Во секоја правна држава, ваквите изјави се предмет на:– предистражна постапка– институционална проверка– јасен сигнал дека државата има механизми за самозаштитаМолкот не е неутрален.Молкот е порака.

МОЛКОТ КАКО СОУЧЕСНИШТВО

Ако и овојпат институциите премолчат, тогаш ќе се испрати опасна порака:дека постојат луѓе на кои им е дозволено сè,дури и да се закануваат со уривање на поредокот.
Но државата не се брани со митови и животински симболи,туку со владеење на правото.

ВАШИНГТОН ГИ ЗАТВОРА ВРАТИТЕ: ЕРАТА НА КОРУМПИРАНИТЕ „ЛАВОВИ“ ЗАВРШУВА

Во моментот кога Али Ахмети заканува со „улица“, од Вашингтон доаѓа порака што не остава простор за двосмисленост.На 19 декември 2025 година, Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за демократија и просперитет на Западен Балкан, како дел од Законот за овластување за национална безбедност (NDAA) за 2026 година.
Законот беше изгласан со убедливо мнозинство, 312 претставници „за“, од двата политички табора, што јасно покажува дека борбата против корупцијата на 
Балканот е двопартиски американски консензус, а не декларативна порака.Ова не е резолуција.Ова е обврзувачка правна рамка, која директно ги задолжува Стејт департментот и Пентагон.
Претседателот на САД е должен, најдоцна во рок од 90 дена, да воведе санкции против секое лице што е „вклучено или се обидело да се вклучи во корупција поврзана со Западен Балкан“, вклучително и сегашни и поранешни владини функционери.
Санкциите опфаќаат:– замрзнување на средства– укинување визи– меѓународна изолација
Законот јасно ја дефинира корупцијата кај клучни политички лидери, уличниот притисок, дестабилизацијата и поткопувањето на институциите како директна закана за мирот и стабилноста на регионот.
Во таа реалност, уличната реторика не е сила, туку паника.

РЕЗИМЕ: ЛАВ ВО ГОВОР, ВРАПЧЕ ВО РЕАЛНОСТ

Али Ахмети може да се нарекува:– орел– лав– што и да посака
Но политиката не се води со метафори,туку со легитимитет, доверба и иднина –а тоа, денес, тој веќе го нема.
„Историјата е немилосрдна кон оние што мислат дека минатото може да им биде иднина.

“Рејмон Арон

Please follow and like us: