Пуштен „животот” на најјако: Повеќе од 80 проценти од граѓаните би ја напуштиле Македонија

Македонија

Поразителни резултати од анкетата што ја спроведе тимот на Факултети.мк на прашањето:
„Кога би можеле, дали би се отселиле од Македонија?“
Дури 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија. Анкетата беше отворена пред две недели, а на прашалникот анонимно одговорија вкупно 1.474 читатели.
На прашањето: „Зошто би заминале?“ одговорија 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“.

Please follow and like us: