Приведени две лица за бесправна сеча на дрва во атарот на село Ботун

Охрид Регион Црна хроника

На 29.12.2025 во 10:20 часот во атар на селото Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода (36) и (30), двајцата од струшкото село Делогожда. Тие се затекнати како со моторна пила вршат бесправна сеча на буково дрво и кое го товарале во патничко возило „нисан“ без регистарски ознаки. Возилото и дрвната маса се одземени и предадени на ЈП „Национални шуми“, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: