Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, условни казни за обвинетите полицајци

Македонија

Екс директор на затворот „Скопје“  Филип Андонов-Сокол оди во затвор.

Тој е прогласен за виновен во судскиот процес што против него и уште шестмина затворски полицајци се водеше за злоупотреба на службената положба и овластување.

За Сокол изречена е осумесечна ефективна затворска казна, а останатите обвинети во овој предмет поминаа со условни казни. Судот ги прогласи за виновни сите инволвирани за дела поврзани со злоупотреби и несовесно работење во затворската установа. 

Од Кривичниот суд – соопштија дека при донесувањето на пресудата биле земени во предвид сите олеснителни и отежнувачки околности во однос на обвинетите.

Кривичен суд: „Обвинетиот Ф. А. (Филип Андонов – Сокол н.з.) за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 во врска со член 45 и член 22 од Кривичниот законик (КЗ), Судот го осуди на казна затвор во траење од осум месеци“, стои во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Филип Андонов Сокол е актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот СДСМ, 

По објавената пресуда следуваа меѓусебни обвинувања на власта  и опозицијата.

Од СДСМ ја обвинија актеулната власт дека преку „нарачани судски пресуди“ врши директна репресија врз партиски функционери од опозицијата.

СДСМ: „Ги поставија своите судии и обвинители и тргнаа. Нема повеќе независно судство, ниту независно обвинителство. Сè ставија во своите канџи“,наведоа од СДСМ во партиското соопштение.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ експресно возвратија

ВМРО-ДПМНЕ: „Адонов беше ставен во Извршниот одбор на СДС бидејќи самите знаеја дека е виновен, па сега тоа го продаваат како политички прогон. СДС е како буквар, прочитани се од сите“,реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Пресуда доаѓа по судскиот процес која започна во август година, а  во кој се докажуваше одговорноста на раководството и вработените за пропустите во работењето на истражниот затвор 

Please follow and like us: