Мицкоски повикува на национално обединување околу Бугарија и идентитетот, најавува институционална зрелост и идно укинување на техничката влада преку консензус, Македонија не се редефинира, туку се брани
Пишува: Слободан ТОМИЌ

„Народ кој се откажува од своето име, јазик и сеќавање, не е поразен од непријателот, тој се поразил самиот себе.“
— Џорџ Орвел

Божиќ како државничка и морална линија

Божиќ не е само празник на верата.Божиќ е миг кога народите ја мерат сопствената вертикала, а државниците, својата историска тежина.
Токму во таков миг, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака што оди подлабоко од дневната политика и повисоко од партиските ровови: повик за национално обединување околу прашањата што не смеат да бидат предмет на пазарење, македонскиот идентитет, јазикот, историјата и државното достоинство.
Но ова не е само порака кон надвор.Ова е порака и кон внатре, повик за внатрешна консолидација, за напуштање на импровизациите, за созревање на политичкиот систем и за надминување на привремените, кризно наметнати решенија што ја држат државата во постојана транзиција.
Националниот трезор под опсада

Името.Идентитетот.Јазикот.Историјата.Ова не се апстрактни симболи, ниту романтични митови.
Ова е националниот трезор на Македонија, суштината што нè прави народ, а не административна категорија.
Токму тој трезор, официјална Софија со години и систематски настојува да го релативизира, разгради и редефинира.
Не со тенкови, туку со формулации.Не со војска, туку со фусноти.
Не со окупација, туку со „европски јазик“.
Најновата формулација, „достапен јазик за граѓаните на Северна Македонија“ , не е дипломатска случајност.
Тоа е политичка дијагноза.
Кога зборовите стануваат оружје

Јазикот не е техничко прашање.Јазикот е темел на постоењето.Кога земја-членка на Европската Унија одбива официјален документ затоа што е напишан на македонски јазик, а потоа тврди дека „јазикот не бил суштински“, тоа не е европска вредност.Тоа е колонијален речник, маскиран во бирократија.
Техничката влада: од кризен механизам до институционална кочница

Техничката влада беше воведена како привремено решение во исклучителен политички контекст.Но привременото во Македонија премногу често станува трајно.Наместо гаранција за демократија, техничката влада со текот на времето се претвори во структурен имплант што ја ограничува извршната власт, го парализира управувањето и ја држи државата во перманентна предизборна состојба. Таа создава систем без јасна одговорност, без полн демократски легитимитет и со сериозни прашања за уставноста и функционалноста.Мицкоски токму затоа инсистира дека ова прашање не смее да биде партиска пресметка, туку тема за сериозен државнички разговор. Укинувањето на техничката влада во иднина, преку консензус, не е бегство од демократија, туку чекор кон нормална европска држава.
СДСМ и политичката недоследност
Истите тие што денес ја бранат техничката влада како „демократска гаранција“, вчера јавно тврдеа дека таа повеќе не е потребна.Истите тие што зборуваат за европски вредности, одбиваат европски политички дијалог кога тој не им одговара.
Проблемот не е во ставовите.Проблемот е во недоследноста.Држава не се гради со дневни калкулации, туку со принципи.
Обединување околу Бугарија: државна, не партиска линија

Истата логика важи и за односот кон Бугарија.Ова не е битка меѓу власт и опозиција.Ова е судир меѓу држава и негирање.Бугарија не бара технички усогласувања.
Таа бара редефинирање на македонскиот идентитет.
Затоа националното обединување околу овие црвени линии не е политичка опција, туку историска обврска.
Епилог: исправена Македонија, а не свиткана Европа
Во свет што станува мултиполарен,слабите држави исчезнуваат,а консолидираните држави опстануваат.Божиќната порака на Христијан Мицкоски е државнички манифест:повик за национално обединување,за институционална зрелост,и за јасна одбрана на националниот трезор.Националниот трезор не е предмет на пазарење.Македонија не се редефинира.Македонија се брани.Историјата нема да праша колку сме биле „кооперативни“,туку дали сме останале свои.

Освалд Шпенглер
„Европа не умира од своите непријатели, туку од своите лаги.“
Освалд Шпенглер



