Пишува: Слободан ТОМИЌ

„Најопасниот човек не е оној што краде,туку оној што краде и зборува за морал.“
Алексис де Токвил

Божиќниот повик што ја разголе опозицијата

На најголемиот христијански празник, кога зборот „обединување“ има тежина поголема од секоја дневна политика, Христијан Мицкоски упати повик што не беше тактички, туку државнички.
Повик за лидерска средба.Повик за разговор.Повик за институционален консензус.И токму таму, каде што се очекува зрелост, се појави паника.
Таму каде што се нуди маса за дијалог, Венко Филипче виде судница.И побегна.
Од човек што кукаше за лидерска средба, до човек што ја одбива пред да биде повикан
Парадоксот е брутален и незаборавен.Истата политичка фигура која со години плачеше за „лидерска“, за „дијалог“, за „консензуалност“, денес, одбива средба уште пред поканата да биде испратена.
Не затоа што е сигурен.Туку затоа што е уплашен.Ова не е политичка тактика.
Ова е психолошки рефлекс на човек кој знае дека на маса нема што да донесе, освен сопствените противречности.
„Средба со криминалци нема“ , кога зборот станува признание
Кога Филипче вели „нема средба со криминалци“, тој не упатува обвинение.
Тој издава страв.Затоа што човек што навистина верува дека некој е криминалец: поднесува пријава– бара истрага– инсистира на институционална одговорност
Филипче не прави ништо од тоа.
Тој вика,а викањето е секогаш замена за доказ.
Каде беше Филипче на брифингот пред Нова година?

Прашање што сè уште одекнува во јавноста.
Каде беше човекот што денес зборува за „узурпација“, „мафија“ и „диктатура“, кога јавноста очекуваше одговори?
Каде беше кога неговата партија тонеше?
Каде беше кога требаше да се појави пред медиумите?
Одговорот е едноставен и болен:се криеше,а кој се крие од јавноста, се крие и од вистината.
СДСМ како приватна фирма на стравот

Под водство на Филипче, СДСМ не е политичка партија.
Таа е затворен круг.Сите поспособни од него беа:– маргинализирани– замолчени– отстранети
На нивно место беа вгнездени лојални фигури, роднински и клиентелистички структури, кадри без тежина, но со послушност.
Не заради идеологија.Туку заради контрола.
Зашто слаб лидер не се плаши од опозицијата,се плаши од сопствените редови.
Длабоката држава и сенката на менторот

Филипче не е самостоен политички субјект.Тој е продолжена рака.Рака на стари центри на моќ,рака на недовршени агенди,рака на политички ментор што формално замина, но суштински никогаш не си отиде.
И токму затоа: – нема храброст за дијалог– нема автономија за одлука– нема капацитет за соочување
Зашто дијалогот не е договорен во задни простории.
Кривичниот законик – најголемиот доказ за намерна амнестија

Измените на Кривичниот законик не беа грешка.Тие беа операција.Операција за: – спас на политички елити– амнестија на криминал– убиство на правдата
И денес, токму луѓе од тој систем зборуваат за „борба против мафија“.
Тоа не е апсурд.Тоа е безобразие.
Зошто техничката влада е последниот ров на Филипче
Филипче не ја брани техничката влада од демократски причини.
Тој ја брани од егзистенцијален страв.
Без неа: – нема контрола– нема алиби– нема политичка заштита
Техничката влада е негов штит.И кога штитот паѓа – паѓа и илузијата.
Мицкоски и стравот од човек што не бега

Најголемиот проблем на Филипче не е ВМРО-ДПМНЕ.Ниту политиките.Ниту изборите.Најголемиот проблем е тоа што Мицкоски: – не бега– не се крие– не вика
Тој повика на разговор кога можеше да наметне.Тоа е разлика меѓу лидерство и паника.
Парадоксот што ја јаде Македонија
И еве го најстрашниот парадокс:
Луѓе поврзани со криминални одлуки зборуваат за правда.
Луѓе што ја кроеја државата по мерка зборуваат за демократија.
Луѓе што бегаат од дијалог зборуваат за институции.
До кога?
До кога најгласните обвинители ќе бидат оние што најмногу треба да одговараат?
Завршен збор: вистината од која не се бега
Филипче не се плаши од Мицкоски.Тој се плаши од времето.Зашто времето ги соблекува сите маски,а кога маската паѓа – останува само биографијата.И токму затоа: кога нема аргументи – има викање.кога нема храброст – има бегање.кога нема морал – има обвинување.Кукавива која кука и бега!



