Колумна на Слободан ТОМИЌ – Кога луѓе без кредибилитет поставуваат услови, хроника на едно политичко и морално пропаѓање

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Народ што дозволува неговата судбина да ја кројат луѓе без морал, на крај останува без држава.“


Едмунд Берк
Едмунд Берк

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, ОД ПРИВРЕМЕН ИСКЛУЧОК ДО ПОЛИТИЧКА УЦЕНА

Техничката влада не е уставна категорија.Таа не произлегува од народен мандат, туку од Пржинскиот договор, наметнат во услови на криза и силен меѓународен притисок.
Со законски измени беше воведена како времен инструмент за надминување на политичка нестабилност. Но СДСМ и ДУИ ја претворија во траен механизам за самозаштита, во политички штит зад кој се крие одговорноста.Денес, кога Венко Филипче тврди дека техничката влада е „светлина и гаранција за фер и демократски избори“, мора да се постави суштинското прашање:-  Од кого нè штити техничката влада, од опозицијата или од оние што седум години ја уништуваа државата?

ФИЛИПЧЕ БЕГА ОД ЛИДЕРСКА СРЕДБА, БЕГСТВО ОД ОДГОВОРНОСТ

Филипче јасно кажа:– нема да оди на лидерската средба кај Мицкоски– секој што ќе отиде, наводно, ја „легитимира власта“– дебатата ја прифаќа само во СобраниеНо ова не е принципиелност.Ова е политичко бегање.Истите тие луѓе што со години одлучуваа зад затворени врати, денес одбиваат дијалог, а притоа поставуваат услови.Филипче оди чекор подалеку, обвинувајќи дека Мицкоски води „анти-ЕУ политика“ и дека ја провоцира Софија и Атина. Како решение, нуди:-  итни уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.
Тоа не е европска политика.Тоа е капитулантство.

ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И ВТОРИОТ ПРОТОКОЛ, ДОКУМЕНТИ НА ПОНИЖУВАЊЕ

Под власта на СДСМ и ДУИ, Македонија прифати:– Преговарачка рамка со фусноти за јазикот– Втор протокол со Бугарија– постојан надзор врз историјата, идентитетот и образованиетоОва не е европска интеграција.
Ова е бугарски диктат, спакуван како европска обврска.
И токму тие што го потпишаа ова денес зборуваат за „ЕУ перспектива“ и „реформи“.

АУДИ Q8 , КОГА „ГАРАНЦИЈАТА ЗА ФЕР ИЗБОРИ“ СЕ ВОЗИ ВО ЏИП ОД 130.000 ЕВРА

Во срцето на моралната криза стои Ауди Q8, луксузен џип вреден околу 130.000 евра.
Возилото не е симболична приказна – тоа е факт:– земено на лизинг од фирмата „Зобек Мајнинг“ – сопственост на Енис Колашинац– фирма што добивала тендери за јаглен за ЕСМ во време на СДСМ– Џипот го користел Венко ФилипчеИстите тие кругови се појавуваат:– во Дубаи– во Гармиш– во семејни дружби со Заеви-  Ова е класичен конфликт на интереси.
– Ова е политичко-бизнис симбиоза.-  И токму тие луѓе зборуваат за „демократски стандарди“.

МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ, 14 ЖИВОТИ, НУЛА ОДГОВОРНОСТ

Од ВМРО-ДПМНЕ јасно посочуваат:Филипче бега од дијалог затоа што бега од расчистување на криминалот:– модуларните болници– 14 загинати во Тетово за две минути– 20% провизии– селективна правда– никој не одговара
Ова не е политичка реторика.Ова е национална траума.

„СЕЈФ СИТИ“ , КОНТРОЛА ИЛИ ПАРАВАН?

Филипче го проблематизира проектот „Сејф сити“, но лицемерно:– додека бара техничка влада– додека сака контрола врз МВР– додека зборува за „злоупотреби“Прашањето е едноставно:-  Зошто тие што имаа целосна власт седум години не создадоа доверлив систем, туку денес шират страв?

ДУИ И АХМЕТИ, ВЕЧНИ УЦЕНУВАЧИ

ДУИ сè уште „чека покана“.Ахмети повторно калкулира.Дваесет години:– услови– уцени– етнички пазарења– неказнивост
И денес тие се дел од истиот блок што ја брани техничката влада, не заради демократија, туку заради опстанок.

ЛЕВИЦА, ДЕЛУМНА ВИСТИНА, БЕЗ ХРАБРОСТ ДО КРАЈ

Левица условува:– една изборна единица– медиумска рамноправностНо клучното прашање останува:-  Зошто не се зборува јасно за одговорноста за седумте години злодела?

ЗНАМ И МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ, НОВИОТ ПАТ НА ПАТРИОТСКА ПОЛИТИКА

Според последните информации:– Многу членови на СДСМ масовно се прелеваат во ЗНАМ– Максим Димитриевски ја води оваа иницијатива со јасна порака за одбрана на националните интереси– Ова е показател дека традиционалните политички структури на Заев, Филипче и СДСМ губат кредибилитетЗНАМ станува точка на нова политичка отпорност, додека старите играчи се обидуваат да ја задржат техничката влада за сопствени интереси.

СЕДУМ ГОДИНИ ПРОКЛЕТСТВО ВРЗ МАКЕДОНИЈА

Ова не беше период на владеење.Ова беше период на:– национално понижување– институционално распаѓање– коруптивна елита– иселување– страв– молк

ПОРАКА ДО ВЛАДАТА

 Ред е да поднесете кривични пријави за криминал и корупцијаја сторени од СДСМ и ДУИ.
Со криминалци во вистинска смисла на зборот немаат право и потреба да учествуваат на лидерски средби.
Народот очекува акција, правда и одговорност.
Нема веќе време за декларативни состаноци и политички фарси.
Треба да се соочат со фактите и да се повлече правдата на дело.

ФИНАЛНА ПОРАКА

СДСМ, ДУИ, Заев, Филипче и Ахмети немаат кредибилитет да поставуваат услови.Тие можат:– да учествуваат на избори– да се соочат со народотНо не можат:– да диктираат– да уценуваат– да се кријат зад техничка влада за сопствен комфорМакедонија не е нивна приватна сопственост.Историјата не простува.Народот памети.

Please follow and like us: