Пишува : Слободан ТОМИЌ

„Најопасната ерес не е онаа што отворено го негира Бога,туку онаа што се повикува на Него за да ја поништи вистината.“
Николај Бердјаев

Православието денес не е под напад од неверие, туку од злоупотреба на верата.
Не од надвор, туку однатре.Не од безбожници, туку од оние што ја облекле мантијата како политички инструмент.

РАСКОЛОТ КАКО МЕТОД, НЕ КАКО ИСКЛУЧОК
Кога една црковна фигура ќе биде јавно означена како „антихрист во мантија“, тоа не е јазичен ексцес, туку симптом на длабока болест во православниот свет.
Обвинувањата за расколничка дејност не се однесуваат на личен карактер, туку на системска стратегија: создавање паралелни структури, рушење на канонски поредок и наметнување централизиран авторитет што нема соборна согласност.
Расколот не се случува одеднаш.Тој се гради чекор по чекор, со „томоси“, со административни формули, со геополитички благослови и со тивко игнорирање на живото Предание.
УКРАИНА , ПРЕЛОМНАТА ТОЧКА
Одлуката за автокефалност на Украина ја отвори Пандорината кутија. Не затоа што Украина нема право на црковен живот, туку затоа што начинот на кој беше наметната таа одлука го погази соборниот принцип.
Наместо исцелување, поделба. Наместо мир, трајна рана.Кога црковна одлука се совпаднува со геополитички агенди,таа престанува да биде пастирска и станува стратешка.
БАЛТИКОТ И ИСТОЧНА ЕВРОПА, ШИРЕЊЕТО НА МОДЕЛОТ

Обвинувањата за насочување кон Балтикот и Источна Европа ја откриваат матрицата:— одвојување на локални цркви од нивните историски јурисдикции,— создавање нови, зависни структури,— слабеење на традиционалните помесни цркви.Ова не е мисија.Ова е реинженеринг на православието.
ЦРНА ГОРА, СЛЕДНАТА ИСКРА
Најавите за автокефалност на Црногорската православна црква не се неутрален чин. Тие се директен удар врз Српската православна црква и ризик за нови тензии меѓу братски народи.
Кога црковните одлуки се носат без консензус, тие не донесуваат мир, туку конфликти со долгорочни последици.
Црквата не смее да биде фитил.
МАКЕДОНИЈА, ТИВКИОТ ГРЕВ ШТО СЕ ПРЕМОЛЧУВА,

Најтешкиот и најболниот дел од оваа стратегија се крши врз Македонската православна црква, Охридска архиепископија, Јустинијана Прва.Нејзиното право на името, на идентитетот, на јурисдикцијата над својата дијаспора, се условува, се стеснува и се релативизира.
Да ѝ се забрани на една црква да го носи името на својот народе духовно насилство.
Да им се одземе на Македонците правото нивните храмови во светот да бидат под јурисдикција на МПЦ–ОА, а да се потчинат на друга црква, е канонски преседан и морален грев.
ЕДНОЦРКВИЕТО КАКО ПРОЕКТ, НЕ КАКО ВЕРА
Повторното отворање на теми за „обединување“ со Рим, за централизација и за надсоборен авторитет не е теолошки дијалог, туку подготовка за едноцрквие без соборност. Православието не признава папски модел. Секој обид да се воведе таква хиерархија е отстапување од Преданието.
ПОСЛЕДИЦИТЕ , КОЈА Е ЦЕНАТА?
— Поделено православие— Ослабени помесни цркви— Национални тензии— Духовна конфузија кај верницитеКога олтарот станува алатка, верата се претвора во поле на битка.
ЗАВЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонската православна црква , Охридска архиепископија не бара ништо туѓо.Таа го бара своето:— името,— историската вистина,— канонската достоинственост,— правото да биде мајка на својот народ, дома и во дијаспората.Тоа не е политика.Тоа е библиско право.

