Пишува: Слободан ТОМИЌ

„Најголемата заблуда на еден народ е да мисли дека утре ќе биде исто како денес.“
Освалд Шпенглер

ВРЕМЕ НА СУРОВ РЕАЛИЗАМ, НЕ НА КОМФОР

2026 нема да биде продолжение на 2025. Таа ќе биде нејзин пресек. Светот влегува во фаза на суров реализам, каде што државите не преживуваат со декларации, туку со сила на институции, енергија, храна, знаење и национална кохезија. Комфорните држави исчезнуваат тивко. Подготвените опстануваат.
СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА ОПСТАНОК, НЕ ЗА НАРАТИВИ

Големите сили не зборуваат за вредности, тие се борат за енергетски коридори, суровини, индустрија, технолошка доминација и безбедност. Европа е во внатрешна криза.
Балканот повторно е на шаховската табла. Ова не се сценарија за плашење. Ова се факти.
МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ КОМФОРНА

Македонија нема луксуз за политичка летаргија. Нема право на партии без визија, на кадри без капацитет, на елити без корен. Во време кога светот се вооружува економски и стратешки, ние не смееме да се занимаваме со празни кавги и истрошени структури.
СДСМ: ОД ПАРТИЈА ДО МАРИОНЕТА
СДСМ одамна престана да биде автентичен политички субјект. Таа не носи сопствена стратегија, туку репродуцира туѓи агенди. Наместо реформа, имаме послушност. Наместо визија, имаме директива. Наместо државничка одговорност, имаме марионетска улога.
ДЛАБОКАТА ДРЖАВА КАКО СЕНКА ВРЗ ПОЛИТИКАТА

Она што јавноста го нарекува „длабока држава“ не е теорија, туку опис на мрежи на влијание: фондации, невладини структури, медиумски центри и политички посредници што со години ја обликуваа македонската политика без изборен легитимитет. СДСМ беше и остана нивниот најпослушен инструмент.
ЗОШТО ТОЈ ПРОЕКТ СЕ РАСПАЃА
Тој модел се темелеше на слабост:– слаба држава,– разнишан идентитет,– зависна економија,– елити без народ.Но времето на таквите експерименти завршува. Светот се враќа кон суверенитет, а народите бараат држави што ги штитат, не што ги разнебитуваат.
СДСМ КАКО ПАРТИЈА ШТО ОДБИ ДА СЕ ОПАМЕТИ

Наместо да се преиспита, да се исчисти и да се реформира, СДСМ избра инает и самозадоволство. Таа „ѕвездичка“ што ја продаваа како европска иднина, денес паѓа сè пониско, сè додека не се претвори во прав што ќе исчезне во матните води на сопствените заблуди.
МИЦКОСКИ КАКО АНТИ-ТЕЗА НА ТОЈ МОДЕЛ

Во таков амбиент, Христијан Мицкоски се појавува како јасна антитеза: политичар што зборува за држава, за институции, за национален интерес и за обнова. Неговиот најголем капитал не е реториката, туку фактот што не прифаќа туторство и не игра улога.
НО, СЛЕДУВА НАЈВАЖНОТО…
Мицкоски нема право да застане тука. 2026 ќе бара пресилен, способен и храбар тим. Не партиски војници. Не компромисни фигури. Туку луѓе со знаење, интегритет и македонска свест. Државата не се обновува со едно име, туку со систем од кадри.
ВРЕМЕ ЗА ЧИСТКА И РЕЗОВИ

Ако новата власт биде само подобра верзија на старото Македонија ќе изгуби уште една деценија.
Потребни се резови: институционални, кадровски и морални. Потребна е држава што знае што брани и зошто постои.
ЗАКЛУЧОК: ИЛИ ДРЖАВА, ИЛИ СЕНКА
2026 ќе ја раздели маглата од суштината.СДСМ оди кон историско исчезнување.Марионетските модели се распаѓаат.Македонија мора да избере:или ќе биде држава со сопствена насока,или ќе остане терен за туѓи проекти.
СОВЕТ:
Кога времето станува опасно,не се бираат најгласните,туку најспособните.И не се гради иднина со луѓешто не ја чувствуваат Македонија како судбина.

