Николоски издејствува решение во Брисел за македонските превозници-економијата избегна сериозни последици

Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска соопшти дека Европската Унија ги прифатила клучните барања на македонските превозници. Според него, новите договорени мерки значат дека македонските професионални возачи ќе бидат признаени како такви од страна на ЕУ, што беше основното барање на транспортниот сектор.

Николоски истакна дека со ова решение се отвора пат за нов пристап кон визите кој треба да ги елиминира пречките со кои се соочуваат македонските возачи при влез и работа во земјите членки на ЕУ. Ова, според него, доаѓа како резултат на протестите и напорите на превозниците, кои го потенцираа проблемот пред европските институции.

Тој изрази благодарност до сите кои придонеле за овој исход и најави дека решението ќе овозможи поголема стабилност за македонската економија и транспортниот сектор во иднина.

Во продолжение го пренесуваме Фејсбук статусот на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски:

Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Во прилог најзначајниот дел од неа. Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем, пишува Николоски.

Please follow and like us:
Tagged