Колумна на Слободан ТОМИЌ – Трамп го следи Сорос и длабоката држава: ССМ, Филипче и Трендафилов ја водат Македонија кон Српско–Унгарско сценарио?!

Македонија Регион Свет

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Каде што владее неправдата, таму расте отпорот.“ 

Платон
Платон

ПРОЛОГ: ЈАВНО ИЗГОВОРЕНО СЦЕНАРИО

Венко Филипче, самопрогласениот лидер на СДСМ, кој како и неговиот претходник ја приватизираше партијата и ја води кон конечно бришење од политичката карта и јавниот простор, пред неколку дена самоуверено најави предвремени избори, не само во Македонија, туку и во Србија и Унгарија.Според него, владите во Македонија, Србија и Унгарија „мора да паднат“.Ова не е политичка анализа. Ова е јасно артикулирана агенда на длабоката држава и соросоидната метастаза, која со години ја има заплеткано целата врхушка на СДСМ.

Затоа Филипче започна систематска чистка и дистанцирање на сите неистомисленици: Андреј Петров, Јован Деспотовски, Игор Иванов – Шема, Петре Шилегов и Славјанка Петровска. СДСМ се претвора во приватен имот, а различното мислење – во непријателство.Во ова сценарио е вклучен и (не)легитимниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, синдикалец по титула, но политички измеќар по дејствување. И Филипче и Трендафилов се алатки на ист центар: Зоран Заев, Сорос и длабоката држава, со цел внесување српско–унгарско сценарио во Македонија и нормализирање на Третиот октроиран договор, францускиот предлог, односно бугарски диктат.
Овој пат, наместо студенти, се мобилизираат работници блиски до СДСМ и ДУИ, преку барање за минимална плата од 600 евра. Но и самите знаат дека адресата е погрешна – Владата не исплаќа плати.Каде беа овие „борци“ пред девет години, кога беа власт и кога од буџетот исчезнаа 32 милијарди евра?
Одговорот е јасен: прочитани буквари.

СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ: ЗАКАНИ ИЛИ ГРИЖА ЗА НАРОДОТ?

Трендафилов излезе со серија јавни закани: генерален штрајк доколку не се воведе минимална плата од 600 евра, блокади, индустриски притисоци и медиумски кампањи.
Прашањето е едноставно: вистинска грижа за работниците или политички инструмент за туѓи сценарија?

„Не постои поголема неправда од онаа што се маскира како добронамерност.“  
Џон Лок

ФИЛИПЧЕ – ИЗМЕЌАР НА ЗАЕВ

Филипче е симбол на елитата создадена од Заев: луксуз, златни визи и привилегии, додека минималната плата служи како политички реквизит.

„Правдата без сила е само сон на наивниот.“ Имануел Кант

ДВОЈНИ СТАНДАРДИ И ХИПОКРИЗИЈА ВО РАСКОШ

Работници со минимална плата.Синдикален лидер со 2.500–3.000 евра месечно.Зошто не се откаже од дел од платата?Зошто не ја сподели со најзагрозените работници?

„Каде што власта ја користи економијата за политички цели, таму граѓанинот ја плаќа највисоката цена.“ 
 Карл Маркс

СРПСКО–УНГАРСКО СЦЕНАРИО И ДЛАБОКАТА ДРЖАВА

Соросовите мрежи, преку медиуми, синдикати и партиски измеќари, произведуваат контролирана нестабилност. Народот е заложник. Македонија е цел.

ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ И СВИЛЕН ГАЈТАН – ТРАМП ЈА СЛЕДИ СИТУАЦИЈАТА

Железните опинци се за народот.Свилениот гајтан, за измеќарите.Белата куќа и Доналд Трамп ја следат состојбата, свесни дека дестабилизацијата на Балканот не е локална игра.

„Слободата не се бара – таа се брани со волја и сила.“  
Фридрих Ниче

ЗАКЛУЧОК:

Ова не е борба за минималец.Ова е борба за власт, контрола и обид за бришење на Македонија како политички субјект.

Please follow and like us: