Синдикатот во Германија повика на штрајк на вработените во јавниот превоз в понеделник

Свет

Германскиот синдикат в понеделник ги повика на штрајк работниците во секторот на транспорт низ земјата, јавува Анадолу.

Синдикатот Вер.ди најави дека околу 100.000 вработени во речиси 150 општински претпријатија за јавен транспорт и автобуски превозници ќе се приклучат на штрајкот.

„Вработените во јавните претпријатија за транспорт се изложени на значителен товар поради исклучително неповолните работни часови, работата во смени, како и секојдневната работа под притисок на времето”, изјави во соопштение заменик-претседателката на синдикатот, Кристин Бехл.

Вер.ди преговара во сите 16 германски покраини, главно со претпријатијата за јавен транспорт и автобуските превозници, со цел значително да се подобрат условите за работа. Барањата вклучуваат пократки смени и работни часови, подолги паузи и повисока плата за ноќни смени и викенд.

„Итно ни се потребни подобрувања со цел намалување на губењето работници и привлекување квалификувани работници во јавниот транспорт“, додаде Бехл.

Во Баварија, Бранденбург, Сарланд и Тирингија, синдикатот исто така преговара за повисоки плати.

Според Вер.ди, работодавците досега ги одбиле речиси сите предложени подобрувања во текот на преговорите.

Please follow and like us: