Кривична пријава за охриѓанец, управувал возило иако имал впишана мерка “забрана за управување возило”

Охрид

На 01.02.2026 во 17:00 часот на ул.”Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило “бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (44) годишен Охриѓанец, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка “забрана за управување со моторно возило од Б категорија”. Известен е јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ “безобѕирно управување со моторно возило”.

Please follow and like us: