Колумна на Слободан ТОМИЌ – Проблемот не е Трамп, проблемот се интелектуалната и политичката проституција на лажните елити

Македонија Свет

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Цивилизациите не пропаѓаат кога се нападнати однадвор,туку кога нивните елити престануваат да му служат на сопствениот народ.“

Арнолд Тојнби
Арнолд Тојнби

ТРАМП КАКО ЛАКМУС-ХАРТИЈА ЗА ЛАЖНИТЕ ЕЛИТИ

Балканот не е во криза поради Доналд Трамп.Македонија не е под притисок поради Трамп.Косово не се лизга поради Трамп.Трамп е лакмус-хартија што ја разоткрива суштината:— кој е државник, а кој измеќар;— кој застапува народ, а кој се продава како идеја.Проблемот не е американскиот претседател.Проблемот се локалните и регионалните елити кои со години опстануваат преку сервилност, додворување и интелектуално самопонижување.Тие ја девалвираат државата, ја претвораат јавноста во публика на празни симболи и со секој свој настап ја рушат довербата во институциите.

ВЈОСА ОСМАНИ, СИМБОЛ НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА И ПОЛИТИЧКА ПРОСТИТУЦИЈА

Еден од највлијателните западни познавачи на Балканот, новинарот на Зидојче Цајтунг, Михаел Мартенс, јасно ја повлече линијата што многумина намерно ја премолчуваат:„Постои граница помеѓу претставувањето на легитимните државни интереси и самодеградирачката интелектуална проституција.“
Однесувањето на Вјоса Османи околу промоцијата на филмот „Меланија“ е школски пример за тоа:— панично додворување;— плитка симболика;— празна демонстрација на лојалност без државничка тежина.Османи нуди спектакл наместо стратегија, фотографии наместо визија и самопонижување наместо зрелост.Ова не е дипломатија.Ова е интелектуална капитулација.

МИРОСЛАВ ЛАЈЧЕК И ЗАПАДНИТЕ ПОСРЕДНИЦИ, МОРАЛНАТА ПРОПАСТ НА „ДИПЛОМАТИЈАТА“

Како поранешен специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина, Мирослав Лајчек не донесе решение.Наместо тоа, остави:— бескрајни процеси без исход;— продлабочена недоверба меѓу народите;— целосна девалвација на европската „дипломатска сериозност“.
Лајчак е симбол на европска бирократија која проповеда вредности, а практикува двојни стандарди.Секој ваков посредник заминува оставајќи хаос, фрустрација и чувство дека Европа зборува едно, а прави сосема друго.

ТРАМП КАКО РАЗОТКРИВАЧ НА ЛАЖНАТА ЕЛИТА

Трамп им пречи затоа што не игра по нивните правила.Тој не ја признава нивната лажна морална надмоќ и не го маскира проблемот со бирократски фрази.— нема спектакл;— нема празни декларации;— нема простор за лажно додворување.Трамп ги разоткрива елитите токму затоа што одбива да им служи.

МАКЕДОНСКИОТ СЛУЧАЈ: ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ИЗМЕЌАРИ

Зоран Заев ја постави матрицата:— откажување од национални позиции;— трговија со идентитет;— подредување на државата на туѓи агенди.Венко Филипче е логично продолжение:— здравствените политики се користат како политичка маска;— преку синдикални структури се најавуваат блокади и се создава вештачка нестабилност.
Слободан Трендафилов и раководството на ССМ не ја застапуваат работничката класа.Тие ја користат социјалната болка како алиби за политичка стратегија, дејствувајќи како продолжена рака на истата таа матрица.

ЗАКЛУЧОК – ВИСТИНАТА Е СУРОВА, НО НЕИЗБЕЖНА

Кој ја оправдува Вјоса Османи, ја легитимира интелектуалната и политичката проституција.Кој го релативизира Лајчак, ја нормализира моралната празнина на европските посредници.
Кој ги брани Заев, Филипче и Трендафилов додека ја туркаат Македонија во блокади, работи против државата.
Проблемот не е Трамп.Проблемот се оние што се продаваат како елита, а дејствуваат како измеќари.
Трамп само ги разоткрива.И затоа им пречи.

Please follow and like us: