Приведен стружанец – во возило пронајдени дрога, оружје и муниција

Охрид Регион Црна хроника

На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода (37) од струшкото село Велешта. При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал,  полициските службеници, пронајдоа отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети. Пронајденото е одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: