Пронајдени остатоци од човечки коски во скопско село, МВР истражува чии се

Македонија

Коски налик на човечки и облека пронајдени во скопско село.

Од полицијата соопштуваат дека вчера околу 17 часот било пријавено дека во месноста „Сулејманови ливади“ во селото Горно Количани биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Please follow and like us: