Кривична пријава против 82-годишник од Зајас за нелегално поседување оружје и муниција

Регион Црна хроника

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против (82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.

Please follow and like us: