СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишник од Скопје за неовластено производство и продажба на дрога

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој, неовластено набавил марихуана и семки од Cannabis, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист. При преглед во неговиот автомобил, пронајдени и одземени се 27 семки Cannabis а потоа, при претрес во неговиот апартман во Охрид, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.

Please follow and like us: