Сообраќајка со три возила на патот Кичево–Гостивар кај Осломешка раскрсница – три лица повредени

Регион Црна хроника

На 28.02.2026 во 12:30 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај  „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки: „ауди А3“, управувано од (24) од кичевското село Зајас, „ауди Q5“, управувано од (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од (56) од селото Бачишта. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „ауди А3“ и сопатничката (51) од Зајас како и Г.С.. Увид на местото извршија полициски екипи.

Please follow and like us: