Кога најмоќната држава на светот повторно ја учи најстарата лекција на историјата – империите не победуваат сами
Пишува: Слободан ТОМИЌ

„Политиката е уметност на моќта, но и на сојузите.“
Николо Макијавели

Во свет кој повторно се лизга кон нова геополитичка нестабилност, американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со една од најстарите лекции на историјата.
Америка е најмоќната држава на планетата.Но ниедна сила – па ни најголемата – не може сама да го носи товарот на глобалната безбедност.
Конфликтот со Иран денес не е само блискоисточна криза.
Тој е тест за иднината на западната алијанса и за новиот светски поредок.
СЕНКАТА НА ИРАК СЕ ВРАЌА

„Историјата не се повторува, но често римува.“
Марк Твен
Кога претседателот Џорџ Буш Помладиот ја започна војната во Ирак во 2003 година, западниот сојуз се најде во сериозна криза.
Франција и Германија одбија да ја поддржат американската интервенција.
Последиците беа длабоки.Трансатлантската доверба беше разнишана со години.
Денес се повторува слична ситуација.Британскиот премиер Кир Стармер одби американските бомбардери да полетуваат од британските бази за напади врз Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез дури забрани американските авиони да ги користат шпанските бази за операции против Техеран.
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека војната може да го запали целиот Блиски Исток.
Тоа покажува дека Европа повеќе не е подготвена автоматски да ги следи американските воени одлуки.
ТРАМП И БОРБАТА ПРОТИВ ТИРАНИЈАТА

„Тиранијата секогаш се крие зад зборот безбедност.“
Џорџ Орвел
Политиката на Доналд Трамп не е насочена против иранскиот народ.
Нејзината суштина е обид да се скрши моќта на режимот кој со децении ја гради својата регионална стратегија преку конфликти и вооружени структури.
Режимот на врховниот лидер Али Хамнеи долго време ја гради својата политика врз конфронтација со Западот и поддршка на различни вооружени движења во регионот.
Но историјата покажува дека кога големите сили се обидуваат да рушат режими , народите често плаќаат највисока цена.
Токму затоа Трамп се обидува да ја комбинира силата со политички притисок.
КИНА И РУСИЈА ВО НОВАТА ГЕОПОЛИТИЧКА ШАХОВСКА ПАРТИЈА
„Најголемата победа е онаа што се добива без битка.“
Сун Цу
Додека Западот се соочува со нови поделби, другите глобални сили внимателно ја следат ситуацијата.
Кинескиот лидер Си Џинпинг предупреди дека светот не смее да се врати на „законот на џунглата“.
Рускиот претседател Владимир Путин отворено изјави дека Москва стои на страната на Иран.
Со тоа Блискиот Исток повторно станува централна арена на глобалното ривалство меѓу големите сили.
ПАРАДОКСОТ НА НОВАТА ВОЈНА

„Во политиката нема вечни пријатели – има вечни интереси.“
Винстон Черчил
Една од најголемите иронии на овој конфликт е фактот што САД денес бараат техничка помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.Украина, која со години се брани од иранските дронови што ги користи Русија, стана светски лидер во противдронската одбрана.
Така држава која долго време беше гледана како слаб партнер денес станува важен дел од новата воена технологија на Западот.
АМЕРИКА И ЕВРОПА – НЕРАСКИНЛИВ СОЈУЗ
„Моќта на сојузите е поголема од моќта на армиите.“
Ото фон Бизмарк
И покрај сите политички тензии, реалноста е јасна.Европа не може без Америка.Но и Америка не може без Европа.НАТО останува најмоќната воена алијанса во историјата.Дури и најголемите критичари на Доналд Трамп во Европа знаат дека без американската воена моќ континентот би бил многу поранлив.
ГОЛЕМАТА ЛЕКЦИЈА ЗА АМЕРИКА

Конфликтот со Иран ја открива една голема вистина на меѓународната политика.Америка победува кога води коалиции.Од Втората светска војна до Студената војна, најголемите победи на Вашингтон се постигнати кога силата била комбинирана со сојузништво.
Затоа денешниот конфликт не е само тест за Иран.Тоа е тест за новата геополитичка стратегија на Доналд Трамп и за иднината на западниот свет.
ФИНАЛЕ:
Светот денес се наоѓа на работ на нова геополитичка ера , а можеби најголемата лекција од оваа криза е стара колку и историјата:
Империите не паѓаат кога губат битки,г туку кога остануваат сами.




