Неделава, при посетата на Охрид, посетив две болници: Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ и Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ , се вели во објавата на ФБ на В.Д. директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
Во продолжение на објавата Клековски додава:
Неделава, при посетата на Охрид, посетив две болници: Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ и Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ , се вели во објавата на ФБ на В.Д. директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
Зошто „Пепелашки“? Затоа што високо стручно и професионално ниво функционира во многу предизвикувачки услови. Сега за „Св. Стефан“ кардиологија. Основана во 1982 година, денес е веројатно втор најважен кардиолошки центар (според број на интервенции) во јавното здравство во Македонија, по Клиниката за кардиологија во Скопје .Што нуди:
Цел спектар на специјалистичка кардио-дијагностика
Интервентна кардиологија (на срце и периферна циркулација)
Електростимулација со имплантација на пејсмејкери
венски интервентни процедури (RFA – радио фреквентна аблација)
Медицинска рехабилитација И во кујната се подготвува вкусна храна
Ги опслужува пациентите од целиот Југозападен регион – од Ресен се до Дебар! Зошто во многу предизвикувачки услови? Стариот објект потекнува од синдикално одмаралиште, што не одговара на модерните болнички стандарди, а опремата е ограничена (на пр. само еден ангиограф). Сепак, благодарение на посветениот персонал – кардиолози, интервентни специјалисти и целиот тим – постигнуваат одлични резултати!
Во последните години има позитивни чекори: набавка на нови апарат, енергетска ефикасност и реконструкција на делови од објектот. Тоа покажува дека со поддршка може да се оди уште подалеку.Ова е одличен пример како со човечки фактор, стручност и посветеност може да се постигнат големи работи дури и во ограничени услови. Благодарам од срце на раководството, сите доктори, медицински сестри и персонал!


