Колумна на Слободан ТОМИЌ – Кога системот ќе потфрли – Болката станува историја

Македонија Црна хроника

Годишнината од „Пулс“, 39 чекори до Ургентниот центар и прашањето што Македонија повеќе не смее да го избегнува

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Најголемото зло не го прават оние што прават зло, туку оние што го гледаат и молчат.“

Алберт Анштајн
Алберт Анштајн

ЕДНА ГОДИНА ОД „ПУЛС“, ТРАГЕДИЈА ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА

Една година по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, Македонија повторно се соочува со прашањето што секоја голема трагедија го поставува со сурова искреност:Дали навистина научивме нешто?На 16 март 2025 година животот го загубија 63 млади луѓе.Над 200 беа повредени.Една цела генерација беше погодена од болка што не може да се измери со статистика.На меѓународната конференција во Скопје, државниот врв зборуваше за лекциите од трагедијата.Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги прочита имињата на сите жртви, потсетувајќи дека тие не се бројки, туку човечки судбини.И токму тука започнува вистинската приказна.Затоа што трагедиите никогаш не завршуваат на денот кога се случиле.Тие продолжуваат во секое семејство што изгубило дете.Во секој празен стол на трпезата.Во секое утро кога родител се буди со споменот на најтешката загуба.

КОГА ДРЖАВАТА УЧИ ОД ТРАГЕДИЈАТА

По пожарот беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита. Повредените беа транспортирани во болници низ Европа.Медицински тимови пристигнаа во Македонија.Министерот за здравство Азир Алиу најави системски реформи.Владата инвестира во нови возила за итната помош, нови протоколи за масовни несреќи и подобрување на кризното менаџирање.Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја нагласи моралната димензија на трагедијата.Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски зборуваше за силата на меѓународната солидарност.Сето тоа е важно.Но зад секоја институционална реченица стои една едноставна вистина:системите постојат заради човечкиот живот.

НО ПОСТОИ И ДРУГА ТРАГЕДИЈА

Трагедија што не се случила во дискотека.Туку во болничка соба.Во Клиничкиот центар Мајка Тереза.Во кобната ноќ меѓу 26 и 27 јануари 2025 година, на Клиниката за хематологија, пациентот Ѓорѓи Томиќ се наоѓал во критична состојба.Од одделението за хематологија до влезот на Ургентниот центар има само:39 чекори.Толку е растојанието меѓу надежта и трагедијата.

39 ЧЕКОРИ ШТО МОЖЕБИ ЗНАЧЕЛЕ ЖИВОТ

Токму толку чекори делеле еден млад човек, Ѓорѓи Томиќ, од навремената медицинска интервенција што можела да го спаси неговиот живот.
Во таа ноќ — 26 кон 27 јануари 2025 година, состојбата била драматична.
Според сведоштво на очевидец, професор доктор кој заедно со таткото го носел по скалите, пациентот бил во критична состојба:сатурација 65неинтубиранбез соодветна медицинска реакција со часови.
Состојбата се влошувала, а потоа се случува нешто што отвора најтешкото прашање за секој здравствен систем.Се случува крварење на мозокот.И исходот е трагичен.Смрт.

ПРАШАЊЕТО ШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА ГО ПОСТАВИ

Дали ова е лекарска грешка?Ова прашање не е напад врз лекарите.Тоа е прашање за системот.Затоа што медицината е професија на огромна одговорност.Но и професија што мора да има механизми на самоконтрола и одговорност.Кога системот не ги поставува тие прашања, тогаш јавноста мора да ги постави.

КОГА СИСТЕМОТ ГО БРАНИ СИСТЕМОТ

Наместо сериозна јавна дебата, наместо независна ревизија, во јавноста се појавуваат изјави дека лекарите се изложени на вербални критики.Но тука се поставува суштинското прашање:дали критиката е напад или барање за вистина?
Во народот одамна постои една горчлива изрека:„Кадија те тужи, кадија те суди.“Кога институциите сами се испитуваат, довербата на граѓаните неминовно се руши.

СУРОВАТА ВИСТИНА НА МЕДИЦИНАТА

Еден познат лекар еднаш изговорил реченица што звучи страшно, но реално:„Нашите медицински грешки ги погребуваат само гробарите и црната земја.“Но едно современо општество не смее да дозволи тоа да биде последната вистина.Затоа што ако грешките се закопуваат, тогаш тие се повторуваат.

ЗОШТО Е ПОТРЕБНА МЕЃУНАРОДНА РЕВИЗИЈА?

Кога во Македонија се појави скандалот со лекувањето на пациенти на онкологија, државата побара меѓународна ревизија.Тоа беше правилна одлука.Токму затоа се поставува едноставно прашање:зошто истото да не се направи и за случајот на Ѓорѓи Томиќ?Не заради политика.Не заради сензационализам.Туку заради вистината.

ДВЕ ТРАГЕДИИ, ЕДНА ЛЕКЦИЈА

Трагедијата во Кочани и трагедијата на Ѓорѓи Томиќ се различни.Но во суштина поставуваат исто прашање:дали системот функционира кога е најпотребно?Во Кочани потфрлија безбедносните стандарди.Во болницата се поставува прашањето дали потфрлила медицинската реакција.Но во двата случаи резултатот е ист:животи што повеќе не можат да се вратат.

БОЛКАТА НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО, ПРАШАЊЕ НА ЕДНО ОПШТЕСТВО

Зад трагедијата на Ѓорѓи Томиќ стои едно семејство.Стојат две малолетни деца што останаа без својот татко.Деца што влегуваат во најчувствителниот период од својот живот.И затоа прашањето не е само медицинско.Тоа е општествено.Тоа е прашање за:довербата во институциитеодговорноста на системотиднината на пациентите во Македонија.

НА СРЦЕ МИ ЛЕЖИ, НА ДУША МИ ТЕЖИ

Да се бара вистина не е слабост.Да се плаче за неправда не е срам.Срам е да се молчи кога системот греши.Срам е да се затвораат очи пред трагедијата.Затоа што ако вистината не се каже денес, утре некој друг татко ќе ја раскажува истата приказна.

ТРАГЕДИИТЕ МОРА ДА НÈ НАУЧАТ НЕШТО

Една година по „Пулс“, Македонија зборува за реформи.Но вистинските реформи не се во конференциите.Тие се во храброста да се признае грешката.Во подготвеноста да се утврди вистината.И во одлучноста трагедиите никогаш повеќе да не се повторат.Затоа што државата не се мери по бројот на своите институции.Туку по тоа колку вреди еден човечки живот.И по тоа дали е подготвена да ја каже вистината, дури и кога таа е најтешка.

Please follow and like us: