На 18.03.2026 во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода (31) од Скопје и (30) од Охрид. Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале (52) од Охрид. (41) од Охрид успеала да го заштити (52) и откако двајцата влегле во незјиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што (52) забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит. (31) и (30) се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Двајца уапсени за напад и кражба во Охрид: жртвата со тешки повреди
Please follow and like us:

