Апсење во Охрид: татко нападнал 10-годишен син и покрај изречени мерки за заштита

Охрид Црна хроника

На 24.03.2026 во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10-годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19.06 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко и психичко насилство кон неговата сопруга и нивните деца. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата сопруга и нејзината мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Please follow and like us: