На 28.03.2026 во 00:16 часот во СВР Охрид е пријавено дека на патниот правец Охрид- Кичево, во близина на с.Врбјани, настанал пожар во возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки во движење, сопственост на фирма од Тетово, а управувано од (40) од с.Ново Село, тетовско. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а возачот и сопатникот (29) од с.Голема Речица, тетовско, се здобиле со повреди и им била укажана помош од Итна медицинска помош Охрид. Увид бил извршен.
Please follow and like us:

