Возач под дејство на алкохол уапсен по сообраќајка во Охрид, повреден пешак

Охрид Црна хроника

На 28.03.2026 во 14:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (56) од Охрид, по претходно случена сообраќајна незгода во која (56) управувајќи патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, удрило во пешакот (40) од Охрид, а потоа и во патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (46) од Охрид. Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. При извршени проверки, констатирано е дека (56) го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.297-а од КЗ на РСМ.

Please follow and like us: