Малолетници затекнати со алкохол во угостителски објект во Охрид

Охрид

На 04.04.2026 од страна на полициски службеници од СВР Охрид преземени се мерки по претходно изготвен план за вршење контрола по угостителски објекти на подрачјето на Охрид, при што во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол. При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од лице 1 и лице 2, двајцата од Охрид. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Please follow and like us: