Пуштени шест, односно ќе бидат пуштени шест сали. Се очекува за неколку месеци од денеска, уште четири дополнителни сали да бидат пуштени, со што ќе го заокружиме процесот од 10 вакви современи, би рекол, многу модерни сали, овде. И, исто така, очекувам дека од почетокот на летото ќе имаме можност да видиме уште еден проект којшто ќе биде завршен, а тоа е во болницата „8 Септември“, каде што исто така ќе имаме супер модерни операциони сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот, кога станува збор за ваков тип на операциони сали, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при пуштање во употреба на реконструираните операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“.

-Се разбира дека во здравството има многу работи да се прават. Се разбира дека во здравството се потребни и голем дел фундаментални, структурни промени и во менталитетот на политичарите, но и во менталитетот на кадарот. Истовремено, треба да се прават реформи, можеби и поинаков пристап да имаме во здравството, бидејќи речиси ништо не е правено, а ресурсите се ограничени. Нашата цел е да решаваме проблем по проблем, за тоа треба време, не може да се среди сѐ и веднаш. Но, тоа е што е, рече премиерот.




Ви благодарам.

