Во рамките на проектот „За поубав свет“што НУ Библиотека „Григор Прличев“ го спроведува со Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, утре – среда ќе се одржи трибина на тема: „Алцхајмер и деменција – тивките крадци на спомените.“ Предавач ќе биде д-р Јулија Василеска, психијатар.
Алцхајмеровата болест е најчеста форма на деменција (околу 60-
70% од случаите), прогресивно невродегенеративно заболување
кое предизвикува пропаѓање на мозокот, губење на меморијата и
когнитивен пад. Додека деменција е широк поим за пад на
интелектуалните способности, Алцхајмер е специфична болест што
ги оштетува невроните.
За жал и деменцијата и алцхамер се се’ почести и присутни меѓу
луѓето. И не само што се само здравствен проблем за заболените и
семејствата, туку прогресивно се проблем – генерално и на
општеството.
Проектот е дел од Годишната програма на Библиотеката
финансиски поддржан од Министерството за култура.
Трбината е отворена за сите заинтересирани граѓани и ќе започне
во 12.00 часот во Библиотеката.
НУ Библиотека

