Охриѓанец приведен по напад врз сопругата и закани со остар предмет

Охрид Црна хроника

На 18.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (37) од охридско. Претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а подоцна со остар предмет ѝ се заканувал нејзе и на нивните пријатели. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од осум дена.

Please follow and like us: