Кирил Пецаков оствари официјална средба со Чаба Барта, претседателот на европскиот ракометен гигант РК Веспрем, во рамки на неговата посета на Веспрем.
Во фокусот на разговорите бил развојот на ГРК Охрид и успесите кои клубот ги бележи во Европскиот куп, домашното првенство и националниот куп. Од страна на домаќините биле упатени искрени честитки за постигнатите резултати и континуираниот напредок на охридскиот клуб.
Пецаков истакнал дека претставува големо признание кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава напорите и амбициите на Охрид во ракометот.
На средбата се разговарало и за иднината на европскиот ракомет, како и за стратегии за развој на клубовите и унапредување на спортската соработка.
Градоначалникот упатил официјална покана до РК Веспрем за учество на традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Охрид, со очекување дека од следната година турнирот ќе биде збогатен со уште едно големо име од европскиот спорт.
Со ваквите активности, Охрид продолжува да се етаблира како значаен спортски центар на европската мапа.
https://www.facebook.com/share/p/1FVrB21auC/

