„Лектирата не е баук“ – креативен настан за читањето и литературата во Охрид

Култура Охрид

Лани, во ноември во Скопје, Американскиот универзитет на Европа – ФОН ја промовира книгата ,,Читањето не е бауч” од авторките Љубица Кардалеска- Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска и Ана Арсовска.

Книгата претставува опсежна студија базирана на претходно публикуваниот прирачник ,,Лектирата не е бауч” кој се темели на истражување поврзано со поимот и значењето на лектирата во ера на дигитализација и вештачка интелигенција.

На таа основа утре – вторник 12 мај од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Лајонс клубот ДЕНИЦА ќе одржат креативен настан „Лектирата не е баук“.

Модератор и креатор на настанот е доцент д-р Габриела Неделкоска. Со учениците од трета година од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и нивната професорка Марија Стрезовска по македонски јазик и литература ќе биде обработена лектирата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.

Настанот е дел од проектот „За поубав свет“ од Годишната програма за работа на Библиотеката поддржан од Министерството за култура и туризам.

НУ Библиотека

Please follow and like us: