Пијан возач приведен во Охрид – управувал со 1,90 промили алкохол во организмот

Охрид Црна хроника

На 13.05.2026 во 18:20 часот на ул.„15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода (34) од с.Велгошти, охридско. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (34) и при извршено алкотестирање утврдено е дека имал 1,90 промили алкохол во организмот. Возилото е одземено и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: