Мицкоски му честиташе на новиот словенечки премиер Јанша на изборот за премиер

Македонија

Премиерот Мицкоски денеска оствари телефонски повик со новиот словенечки премиер Јанез Јанша и му честиташе на изборот.

Денес остварив телефонски разговор со Janez Janša, при што му упатив честитки по повод изборот за премиер на Република Словенија и успехот во формирањето на новата влада.На Словенија ѝ посакав стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи. Ја потврдивме нашата заедничка заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји.Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани врз меѓусебна почит, европски вредности и заедничка визија за развој, стабилност и подобра иднина за нашите граѓани, се вели во објавата од Премирот на ФБ.

Please follow and like us: