Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник на владина седница. Власта очекува законското решение да се донесе што е можно побрзо, премиерот Христијан Мицкоски рече дека истото не се изработило ад-хок, ниту на сила, туку во инклузивен процес со сите засегнати страни.
Христијан Мицкоски-претседател на Влада на РСМ
„Инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата. Нема да има повластени региони, градови, населени места итн кадешто нема да се почитува законот. За ова јас гарантирам и нема да има никаков пардон.“
Според министерот за здравство, потребата од нов закон произлегува од тоа што постојниот закон е донесен во 1995 година и иако во меѓувреме имал девет измени, повеќе не одговара на денешната реалност. Азир Алиу посочи дека податоците се недвосмислени и тие се основата на јавно здравствениот пристап.
Азир Алиу-министер за здравство
„Тутунот е поврзан со 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13 проценти од сите смртни случаи во државата. Економската загуба се проценува на 38 милијарди денари, односно над 600 милиони евра годишно, што претставува околу 5,16 проценти од БДП.“
Претставниците на бизнис секторот кажаа дека законот се креирал со партнерски пристап и го ценат тоа што при подготовката на законот се земени в предвид дел од доставените забелешки, ставови и укажувања на деловната заедница.
Ристовски-Групација за производство на цигари при Стопанската комора
видео.
„Одговорно стоиме на ставот дека се уште има области каде може и треба да продолжи конструктивниот дијалог меѓу сите засегнати страни, со цел соодветно регулирање на отворените прашања, изнаоѓање на решенија кои ќе обезбедат баланс меѓу јавно здравствените приоритети, економската одржливост и усогласеноста со современите економски практики.“
Перица Голомеиќ-Туристичко угостителска комора при Сојузот на стопански комори.
„Благодарност до премиерот и Владата и министерот за здравство за инклузивниот и партнерски пристап во самото креирање на законот како и за фазната имплементација. Односно, едногодишен грејс период и ние како угостителски сектор ќе имаме можност да ги преадаптираме нашите тераси согласно новите законски решенија-се со цел нашиот сектор да претрпи помалку економски последици.“
Новиот закон предвидува забрана во сите јавни и работни простории, во угостителските објекти шушењето ќе биде дозволено на дефинирани отворени простори-тераси со покрив и најмалку две отворени страни, одвоени влезови. Регулација на никотински производи, вклучувајќи ги и електронските цигари. Се забранува рекламирање, промоција, спонзорство, и изложување на тутунски производи на видливи места во продавниците.

