Off Road Ohrid Extreme за првпат организира меморијален настан во чест на Дејан Костојчиноски.

Настанот ќе се одржи на 13 и 14 јуни. Во сабота е предвидено туристичко-караванско возење низ Националниот парк „Галичица“ со ноќевање во комплексот „Прага“, а во недела натпревар со специјализирани 4×4 возила на патот кон селото Сирула.
Дејан Костојчиноски почина ненадејно во март 2025 година, на 43-годишна возраст. Останува запаметен како позитивен и дружељубив охриѓанец, секогаш подготвен да помогне.
Please follow and like us:

