На 10.06.2026 во 17:50 часот, на магистралниот пат Кичево – Охрид, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од (23) од Обединето Кралство, удрило во метална ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 23-годишна сопатничка од Обединето Кралство, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Please follow and like us:

