Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до припадниците на заедницата на Балканските Египќани по повод 24 Јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани.
Во својата порака, Пецаков истакна дека Египќаните се важен дел од општествениот и културниот живот на Охрид и Македонија, нагласувајќи го нивниот придонес во развојот на локалната заедница. Тој посочи дека меѓусебното разбирање и соработката се клучни за градење стабилно и напредно општество во кое сите граѓани имаат свое место.
На крајот, градоначалникот им посака добро здравје, лична среќа и многу успеси во иднина.
https://www.facebook.com/share/p/1BVtvKsN6U/
Please follow and like us:

