Кривична пријава за 27-годишник од Подгорци: Пронајдени 174 куршуми и марихуана

Регион Црна хроника

ОВР Струга поднесе кривична пријава против (27) од струшкото село Подгорци  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 174  парчиња муниција различен калибар кои нелегално ги поседувал и две пакувања со марихуана.

Please follow and like us: